Револтирана девојка ја критикува Ким Кардашијан – Како навистина изгледа долната облека од нејзиниот бренд?

Една девојка платила 30-тина долари за мидер од брендот на Ким Кардашијан - Skims, но не била воопшто задоволна и решила да им покаже на следбениците на TikTok како навистина изгледа ова парче долна облека.

devojka-pokazhuva-kako-navistina-izgleda-dolnata-obleka-od-brendot-na-kim-kardashijan-video01.jpg

Ким Кардашијан редовно ја рекламира долната облека од нејзиниот бренд Skims, особено мидерите за кои вели дека ќе му дадат одличен облик на телото. Но сега, една тиктокерка вели дека мидерите на Ким се залудно фрлање пари.

„Дефинитивно ќе направат да се чувствувате лошо за себе бидејќи ако го купите мидерот со ваша големина, ќе ви биде мал“, тврди таа.

View this post on Instagram

A post shared by SKIMS (@skims)

23-годишната Адрија објавила и видео на TikTok на кое го пробува мидерот што го порачала, а и самите ќе видите дека воопшто не си ја врши својата функција. Мидерот само ѝ ја стегнал половината и дефинитивно не ѝ го обликува телото како што тврдат рекламите на Ким.

View this post on Instagram

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

„Ова видео е за Ким Кардашијан, и само за Ким Кардашијан. Здраво Кимберли. Што е ова? Мислев дека мидерот треба да ми даде облини, а не да ме направи како Вини Пу со многу мала долна облека“, вели девојката во видеото, кое досега има над 9 милиони прегледи.

Потоа девојката облекува шорцеви и маичка, и на шега вели:

„Па да, носам мидер. Зарем не забележавте?“

@adriabarich

since no one said it: 〰️ #fyp #foryou #BoseAllOut #skims #shapewear #bodypositivity @skims @skimsbykimkardashian @kimkardashian.westt

♬ Rasputin (7" Version) - Boney M.

Многу корисници го споделиле и нивното искуство со долната облека на Ким во коментарите:

„Досега немам видено подобар опис за ова“.

„Потрошив буквално 500 долари за Skims долна облека и сите парчиња се распаднаа за еден месец“.

„И мене ми се случи истото! Кога одам целиот стомак ми излегува!“

Адрија вели дека е добро што Ким го нормализира носењето мидер, но смета дека фотките на сајтот на продавницата се нереални и дека воопшто не е точно дека можат да им стојат добро на сите.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Ја продавам мојата користена долна облека - заработувам над 4.000 евра месечно“ „Еден клиент сакаше само да зготвам оброк додека ја носам долната облека. Ништо ...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg