Камала Харис со старки на насловната на Vogue – мета на критики заради стајлинг за непочитување

Од Vogue ја споделија фотографијата од Камала Харис што ќе ја краси насловната на февруарското издание на магазинот, но веднаш се соочија со критики бидејќи новиот потпретседател на САД носи старки - што многумина го сметаат за непочитување, иако тоа е стајлингот кој најдобро ја опишува Камала.

kamala-haris-meta-na-kritiki-poradi-naslovnata-na-vogue-bidejkji-nosi-starki-01.jpg

Насловната страница на февруарското издание на американскиот Vogue предизвика лавина негативни реакции. Насловната ќе ја краси новиот потпретседател на САД, Камала Харис, а многумина негодуваат поради нејзиниот избор на облека.

На фотографијата Камала носи црни панталони и сако, а комбинацијата ја дополнила со старки – детаљ за кој дел од јавноста, поради некоја причина, смета дека е непочитување.

kamala-haris-meta-na-kritiki-poradi-naslovnata-na-vogue-bidejkji-nosi-starki-02.jpg

Наводно, најпрво фотографијата не била објавена од Vogue, туку протекла во јавноста од друг извор, а поради бројните лоши критики некои луѓе сметаа дека е лажна.

Сепак, од Vogue потврдија дека фотографијата не е лажна и веќе ја споделија на нивниот веб-сајт. Од магазинот споделија уште една фотографија, на која Камала носи светлосин костим, и за која велат дека ќе биде искористена како „дигитална насловна“.

Според некои извори, тимот на Камала сакал фотографијата со синиот костум да стои на насловната, а онаа со старките да биде вметната во интервјуто. Но, кога ја донеле таа одлука, февруарското издание веќе се печатело.

kamala-haris-meta-na-kritiki-poradi-naslovnata-na-vogue-bidejkji-nosi-starki-03.jpg

Поради негативните реакции, CNN го контактирале портпаролот на Vogue, кој открил дека според уредниците, фотографијата со старките многу подобро го доловува карактерот на Камала, особено нејзината отвореност – нешто за коешто сметале дека е особено важно за нејзината позиција.

Истовремено, од Vogue велат дека Камала сама си ја одбрала облеката и за двете фотографии, а решила да облече старки бидејќи тие ја прикажуваат најреално.

Покрај критиките за старките, голем број луѓе сметаат дека целата фотографија изгледа аматерски и има многу лошо светло.

Оние, пак, кои сметаат дека фотографијата е одлична нагласуваат дека не е важна облеката на Камала, туку многу поважно е што таа е првата жена Афроамериканка која е избрана за потпретседател, важно е тоа што ги менува правилата, а најважно е она што ќе го направи за државата.

kamala-haris-meta-na-kritiki-poradi-naslovnata-na-vogue-bidejkji-nosi-starki-03 (2).jpg

Што мислите вие, дали Vogue и Камала направиле грешка, или во овој случај нејзината облека е далеку од најважното нешто?

Погледнете и Врска со 30 години постар маж, има колекција старки - факти за Камала Харис, првата жена потпретседател на САД

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Бизарно откривање на пол: 63-годишна жена и 26-годишниот сопруг чекаат дете од сурогат мајка Шерил од САД има 63 години, а нејзиниот сопруг има 26. Тие очекуваат дете од сур...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg