Врска со 30 години постар маж, има колекција старки - факти за Камала Харис, првата жена потпретседател на САД
Доаѓа од амбициозно семејство, има издадено три книги и многу сака да готви - која е вушност Камала Харис, првата жена која ќе биде потпретседател на САД?
Камала Харис ќе биде новиот потпретседател на САД и таа е првата жена што успеала да стигне до оваа функција. На факултет ги изучувала политичките науки и економијата, а во 1989-та стана адвокат.
Уште на почетокот од кариерата Камала си заработила репутација како силна жена и најмногу работела на случаи поврзани со сексуално малтретирање и продавање дрога.
Сега, 56-годишната Камала ќе биде новиот потпретседател на САД, а во продолжение можете да прочитате неколу интересни факти за неа:
1. Камала Харис е родена на 20-ти октомври 1964 во Калифорнија. Нејзината мајка е од Индија, а татко ѝ потекнува од Јамајка. Родителите на Камала се развеле кога имала 7 години, па таа пораснала со нејзината мајка и сестра ѝ Маја.
2. Нејзиното име го одбрала мајка ѝ – Камала значи „лотус“ и е уште едно име на хинду божицата Лакшми.
3. На почетокот, семејството на Камала било скептично за нејзиниот избор на кариера. Иако била свесна дека обвинителите имаат лоша репутација, Камала имала желба да го промени системот однатре.
4. Успехот на Камала не е никакво изненадување – таа доаѓа од навистина амбициозна семејство. Нејзиниот татко предавал на универзитетот Стенфорд, а мајка ѝ е научник и работела на истражувања за рак.
5. Во 1994-та таа почнала да се гледа со Вили Браун, моќен политичар кој е 30 години постар од неа. Тогаш Камала имала 29 години, а Вили 60. Но, една година подоцна му раскинала бидејќи сметала дека нема никаква иднина со него.
6. Една од најконтроверзните одлуки што ги донела Камала во нејзината кариера е од 2004-та. Тогаш таа одби да му изрече смртна казна на маж кој уби полицаец во Сан Франциско. На погребот на полицаецот, на кој присуствувала и Камала, една сенаторка ја критикувала нејзината одлука. Говорот на сенаторката бил проследен со овации од страна на присутните полицајци.
7. Едно од позначајните достигнувања на Камала е креирањето на онлајн платформата Open Justice, преку која податоците за одредени криминални случаи се прават достапни за јавноста.
8. Во 2014-та Камала се венча со Даг Емхов, адвокат од Лос Анџелес. Тие немаат нивни деца, но Даг има две деца од претходниот брак.