Врска со 30 години постар маж, има колекција старки - факти за Камала Харис, првата жена потпретседател на САД
9. Камала сака да готви и има изјавено дека најчесто користи рецепти од New York Times. Таа вели дека најмногу сака да прави печено пилешко, а покрај пилешкото, омилена храна ѝ е помфритот.
10. Покрај готвењето, Камала многу ја сака музиката, а има изјавено дека омилени жанрови ѝ се хип-хоп и рап.
11. Камала е голем фан на брендот Converse и има цела колекција од познатите старки.
12. Дел од нејзините омилени книги се The Kite Runner од Калед Хосеини, The Lion, the Witch and the Wardrobe од К. С. Луис и Song of Solomon од Тони Морисон.
13. Секое утро, Камала се буди во 6 наутро и го почнува денот со вежбање. Најчесто појадува овесна каша со бадемово млеко, со шолја чај.
14. Камала е и автор – има напишано две книги, едната биографска, а другата стручна. Таа има издадено и една книга за деца.
15. Камала ги венчала Крис Пери и Сенди Стиер, а ова е всушност првиот истополов брак кој бил склучен во Калифорнија.
Спирова С. | Црнобело