Парализиран маж со помош на одличен изум, по 10 години чекори по плажа, за првпат со неговите деца
- Детали
- понеделник, 04 јануари 2021
„Јас не сакам моите деца да ме помнат како лежам болен во креветот, сакам да се сеќаваат дека шетаа со мене по плажата и фрлавме камчиња во водата“, вели Симон.
Маж кој останал парализиран поради неоперабилен тумор на мозокот сега повторно може да се движи благодарение на роботскиот изум „Exoskeleton“.
Технологијата и донацијата од анонимен човек, му овозможија на Симон Киндлисајдс од Велика Британија да застане на нозе и да прошета по песокот на плажата повторно по речиси 10 години, а овојпат за првпат во животот со своите деца.
„Секогаш кога одев на плажа со моите деца, јас бев тој што седи на страна и ги чува торбите, но сега се движев заедно со нив, тие беа среќни, а за мене ова беше многу емоционален момент“, изјави Симон кој порачува дека во животот најважно е да креирате убави спомени.
„Јас не сакам моите деца да ме помнат како лежам болен во креветот, сакам да се сеќаваат дека шетаа со мене по плажата и фрлавме камчиња во водата“, додава тој.
Видео од оваа емотивна сцена:
https://www.youtube.com/watch?v=DBjLHYy1c1s
С. С. | Црнобело