На Тајмс сквер нереално празно, во Вухан – толпи: Како се дочека 2021 низ светот? (видео)

Некаде низ светот се славеше како ништо да не се променило, но низ повеќето земји, спектакуларните огномети беа проследени од домовите, а најпопуларните места кои порано биле преполни со развеселени луѓе, годинава беа речиси празни заради рестрикциите среде пандемија.

na-tajms-skver-nerealno-prazno-vo-vuhan-tolpi-kako-se-docheka-2021-niz-svetot-01.jpg

Пандемијата целосно ни го промени животот и навиките, а сите со нетрпение чекаа да ја испратат 2020-та, годината која остави голема трага и ќе биде запомнета по многу лоши работи.

Желбите за подобра година исполнета со многу здравје и безгрижни моменти со најсаканите, дојдоа со отчукувањето на 00.00 часот и почетокот на 2021, годината по која сите копнееме, надевајќи се дека ќе биде полесна и ќе донесе мир, хармонија, насмевки и прегратки. 

Сепак, нејзиното дочекување не беше со толку голема слобода, со оглед на рестрикциите низ земјите во светот, заради заштита од заразата.

Но, тоа не ги спречи земјите да понудат новогодишен спектакл на небото, а иако во повеќето градови прославите беа забранети, има и такви каде безгрижно се дочека новата година.

Сиднеј не разочара со уште едно спектакуларно новогодишно шоу, но оваа година без публика, на Тајмс сквер во Њујорк имаше неколкучасовно шоу со ограничен број на посетители и полупразни улици кои се нетипични за дочек на Нова година на ова место, во Нов Зеланд се дочека 2021 без рестрикции заради немањето новозаболени случаи, а во Вухан огромна толпа со маски одбројуваше до полноќ. 

Тајмс Сквер

na-tajms-skver-nerealno-prazno-vo-vuhan-tolpi-kako-se-docheka-2021-niz-svetot-02.jpgфото: CNN

Дубаи, пред Бурџ Халифа

na-tajms-skver-nerealno-prazno-vo-vuhan-tolpi-kako-se-docheka-2021-niz-svetot-03.jpgфото: CNN

na-tajms-skver-nerealno-prazno-vo-vuhan-tolpi-kako-se-docheka-2021-niz-svetot-05.jpg
фото: NBC News

Вухан, Кина

na-tajms-skver-nerealno-prazno-vo-vuhan-tolpi-kako-se-docheka-2021-niz-svetot-04.jpgфото: CNN

Видеа од дочекот на 2021 низ светот:

Нов Зеланд - без рестрикции, со оглед на тоа што подолго време нема новозаразени

Австралија – спектакуларен огномет, но без толпи по улиците

Тајван – прослави во знак на љубовта

Тајланд – музички перформанс со пораки за надеж, прославите беа забранети

Дубаи – спектакуларен огномет и проекции на Бурџ Халифа

Русија – без толпа која ужива во огнометот под облаците на Црвениот плоштад

Англија – традиционалното шоу со огномети беше откажано

Кина – шоу без публика во Пекинг

Кина – толпа од илјадници луѓе со маски ја дочека 2021 во Вухан

Њујорк – спектакуларно, неколкучасовно шоу нс Тајмс сквер, со ограничен број на посетители заради пандемијата (одбројувањето следете го од 6:00:00 часот на снимката)

https://www.youtube.com/watch?v=ePC7iHgd-Cc&ab_channel=TimesSquareNYC

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Најубавиот Арап на светот: Тврди дека го протерале од Дубаи затоа што е премногу згоден, успеал да г... Со својата убавина „маѓепсува“ жени ширум светот. Со измама дошол до титулата „н...
„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...
„Имам 75 години и танцувам на шипка – Пријателите ми свртеа грб, но јас го живеам мојот сон“ „Немав поим дали можам да танцувам на моја возраст и со моите болести, но не сам...
Родила 51 дете, па направила операција за да не забременува - Која е „најплодната жена во светот“? По присилниот брак со многу постар маж, Маријам од Уганда првпат родила кога бил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg