Сопругот ја злоупотребувал, ја викал „дебела и грда“ - го оставила, го тужела и ослабела 50 килограми
- Детали
- четврток, 31 декември 2020
Во текот на бракот, 10 години трпела физичка и психичка злоупотреба, во 2015-та поранешниот сопруг ѝ удрил толку силна шлаканица што ѝ го пукнал ушното тапанче и тогаш одлучила да го промени својот живот.
Михаела Нијанга е 44-годишна медицинска сестра од Велика Британија, која минала 10 години со партнер кој ја злоупотребувал. Поранешниот сопруг со години ја малтретирал и физички и психички. Ѝ викал дека е одбивна, дебела и грда.
Таа во 2015 година одлучила да го остави и да се посвети на себеси. Одлуката ја донела откако ѝ удрил толку силна шлаканица што ѝ го пукнал ушното тапанче.
По стресен судски процес во 2016 година нејзиниот поранешен сопруг бил осуден за напад. Но, годините тортура направиле таа на психичка база и понатаму да се теши со храна за тоа низ што поминала со него и дошла до тежина од 114 килограми.
Но, во еден миг одлучила дека сака да ѝ биде добар пример на својата ќерка тинејџерка и презела одговорност над себе и својот живот.
Mихеаела ослабела 50 килограми и денес изгледа неверојатно:
С. С. | Црнобело