9-годишно момче собира пари за болницата каде најдобриот другар му се лекува од леукемија
- Детали
- вторник, 15 декември 2020
Другарството нема цена, а овој потег на 9-годишното момче од Велика Британија топи срце. Секоја чест!
Фреди Хави e 9-годишно момче од Велика Британија со срце планина. Тоj досега има собрано повеќе од 33.000 евра за болницата Royal Manchester Children's Hospital каде неговиот најдобар другар Хјуи Хигинсон (10) е на терапија, откако му била дијагностицирана леукемија во септември.
Фреди почнал да трча по 2 километри на ден за да собира пари за трошоци за болницата, но брзо стигнал до потребната сума и потоа продолжил да собира донации за болницата, каде неговиот другар моментално е на хемотерапија.
Хјуи својот другар го нарекува неверојатен и вели дека не може да му заблагодари доволно.
Фреди сака до Божиќ да истрча вкупно 100 километри за својот другар, кој вели дека хемотерапијата е тешка, но знае дека таа ќе му помогне да има подобар живот во иднина.
Ова се тие прекрасни момчиња:
С. С. | Црнобело