Девојка со Даунов синдром ја одбиле на 15 работни места, па си отворила бизнис со колачиња

Одлучила тоа во што ужива (печењето колачиња) да ѝ стане бизнис... Сега има успешна фирма со 15 вработени и продала повеќе од 1 милион колачиња.

devojka-so-daunov-sindrom-ja-odbile-na-15-rabotni-mesta-pa-si-otvorila-biznis-so-kolachinja-01.jpg

Колет Дивито од Бостон е девојка со Даунов синдром која на сите интервјуа за работа добивала одговор дека не е соодветен кандитат.

По 15-тото одбивање при аплицирање за работа на Колет ѝ здодеало, па одлучила да си отвори свој бизнис со колачиња.

devojka-so-daunov-sindrom-ja-odbile-na-15-rabotni-mesta-pa-si-otvorila-biznis-so-kolachinja-07.jpg

30-годишната девојка направила храбар потег, кој се покажал како вистинска одлука.

„Имав интервјуа за работа за кои мислев дека поминале добро, но по неколку дена добивав мејлови во кои ми велеа дека нешто не било во ред или дека не одговарам за работното место. Тоа беше фрустрирачко за мене, бев вознемирена, затоа што се случуваше одново и одново.

Но, наместо да седам дома и да се чувствувам лошо што не добивав можност да работам, јас одлучив тоа во кое што уживам (печењето колачиња) да го направам свој бизнис“, изјави Колет.

devojka-so-daunov-sindrom-ja-odbile-na-15-rabotni-mesta-pa-si-otvorila-biznis-so-kolachinja-03.jpg

На почетокот таа почнала многу скромно, но имала успех и сега има 15 вработени.

Вели дека од лансирањето на бизнисот досега продала преку 1 милион колачиња.

devojka-so-daunov-sindrom-ja-odbile-na-15-rabotni-mesta-pa-si-otvorila-biznis-so-kolachinja-06.jpg

Сега, повеќе е ангажирана околу менаџерските обврски, но уште сака одвреме навреме да учествува во печењето колачиња.

Колет е доказ дека соништата се остваруваат ако имате храброст да се осмелите.

devojka-so-daunov-sindrom-ja-odbile-na-15-rabotni-mesta-pa-si-otvorila-biznis-so-kolachinja-10.jpg

devojka-so-daunov-sindrom-ja-odbile-na-15-rabotni-mesta-pa-si-otvorila-biznis-so-kolachinja-05.jpg

devojka-so-daunov-sindrom-ja-odbile-na-15-rabotni-mesta-pa-si-otvorila-biznis-so-kolachinja-04.jpg

devojka-so-daunov-sindrom-ja-odbile-na-15-rabotni-mesta-pa-si-otvorila-biznis-so-kolachinja-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото) „Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави рестора...
Дечко ја убил бившата девојка 2 дена пред нејзиното дипломирање: Убиството што ги потресе Италија и ... Минатата недела, илјадници Италијанци протестираа барајќи поголема заштита за же...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Дечко ми ме замоли да престанам да работам, бев девојка - домаќинка, па ме остави“ Девојка од Калифорнија на Инстаграм презентираше дека води идиличен живот на дом...
Каде се денес вистинските ликови од „Griselda“, новата популарна серија на Нетфликс? Синот на Гризелда води успешен бизнис со марихуана, додека нејзиниот сопруг е мр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg