Историски момент: 90-годишна Британка прва ја прими вакцината против ковид-19 на Pfizer
- Детали
- вторник, 08 декември 2020
Долгоочекуваното вакцинирање против ковид-19, кое се очекува да биде спас за пандемијата, започна во Британија, а 90-годишната Маргарет е првата која ја прими вакцината на Pfizer.
Велика Британија е првата земја во светот која ја одобри вакцината на Pfizer/BioNTec, а неколку дена по официјалната информација, тие го започнаа процесот на имунизација.
90-годишната Маргарет Кенан, која следната недела ќе полни 91 година е првата личност која ја прими оваа вакцина надвор од клинички испитувања, а за ова вели дека ѝ е најдобриот предроденденски подарок.
Многумина ова го нарекуваат историски момент, со оглед на тоа што со нетрпение се очекуваше вакцина за спас од пандемијата која трае речиси една година.
Во Велика Британија приоритет имаат граѓаните над 80 години, како и медицинскиот персонал и персоналот задолжен за нега на стари лица.
Со оваа програма тие имаат цел првично да ги заштитат најранливите категории и да го вратат животот во нормала.
„Се чувствувам привилегирано што јас сум првата личност која е вакцинирана против ковид-19, ова е најдобриот предроденденски подарок кој можев да го посакам, бидејќи тоа значи дека конечно ќе можам да поминувам време со семејството и пријателите во новата година, откако речиси цела оваа година ја поминав сам.“ – изјавила Маргарет.
Видео од моментот на првото вакцинирање надвор од клинички испитувања во Велика Британија:
М. М. | Црнобело