Маж обвинет дека го загрозува својот 1-годишен син додека крева 40kg тежина врз него
- Детали
- петок, 04 декември 2020
31-годишен персонален тренер работи од дома и се дружи со синот, но со едно видео поттикна дебата. Опасно или не?
ТЈ Бекфорд (31) е персонален тренер од Лондон кој стана мета на критки откако на бенч креваше шипка со тежина од 40 килограми заедно со неговиот 18-месечен син.
Неговиот син лежи над него, Бекфорд ја прави вежбата за гради, неговата сопруга снима.
Бекфорд вели дека поради пандемијата работи од дома, неговиот син го гледа како работи онлајн со клиентите и копира некои од вежбите, па затоа одлучил да „вежбаат заедно“ и да се поврзат на овој начин.
Сепак, многумина прокоментираа дека ова е опасен начин на забава затоа што шипката може да падне врз неговиот едногодишен син.
Што мислите вие?
https://www.youtube.com/watch?v=0dflqiVodL8
С. С. | Црнобело