17-годишна девојка е посвоена по 10 години во системот за згрижување и 24 различни домови
- Детали
- петок, 20 ноември 2020
Акира Холстејн слави што конечно е посвоена по 3.739 дена минати во системот за згрижување. Таа е посвоена во Кентаки, од страна на Кејти, со која направиле заедничка фотосесија.
Акира Холстејн дури на 17 години го пронајде својот дом, по една деценија мината во системот за згрижување на деца.
Таа е посвоена на 25 септември во Кентаки од Кејти Холстејн.
Холстејн почнала да згрижува деца од системот во 2017 година, но асистирала на други згрижувачки семејства само на краток рок.
Акира завршила во домот на Холстејн во март 2019 година, па потоа во март 2020 година и оттогаш останала таму.
„Откако помина неколку месеци во мојот дом, потоа не можев да си го замислам домот без неа“, вели Кејти која потоа почнала постапка за посвојување на Акира, како и на едно детенце по име Томас.
Таа ги посвоила Акира и едногодишниот Томас на ист ден, а по тој повод тие направиле прекрасна фотосесија.
С. С. | Црнобело