13-годишно девојче присилено да се омажи за 48-годишен маж на одвратна церемонија – тажната реалност на Филипините
- Детали
- петок, 20 ноември 2020
13-годишно девојче кое било присилено да се венча за 48-годишен маж на Филипините го привлече вниманието на целиот свет со навистина „одвратна“ свадбена церемонија.
Венчавката била во градот Мамасапано минатиот месец, а фотографиите од присилената церемонија се вознемирувачки и предизвикуваат гнев и негативни коментари кај луѓето од целиот свет кои се згрозени од овој чин.
Најмногу крена прашина фотографијата на која мажот го бакнува девојчето во образ.
Девојчето е петта сопруга на Абдулрзак Ампатуан, а венчавката била направена по сите исламски обичаи.
„Среќен сум што ја пронајдов и што ги минувам деновите со неа. Заедно се грижиме за моите деца. Планирам да имаме деца штом таа наполни 20 години.“
Тој додава дека ќе ја прати на училиште за да биде подобро подготвена да стане мајка, кога ќе ѝ дојде време за тоа.
За жал, во некои делови на Филипините, посебно во регионот Минданао, малолетните девојчиња смеат да се мажат штом ќе добијат менструација.
Податоците од УНИЦЕФ покажуваат дека оваа држава до сега имала 726.000 малолетни девојчиња за невести и се наоѓаат на 12-то место во светот.
Е. П. | Црнобело