Жена што ја растела косата 16 години добила 6.000 евра отштета, откако фризер ѝ ја уништил
- Детали
- сабота, 14 ноември 2020
Замислете тоа што сте го негувале 16 години да биде уништено за миг, само поради погрешен потег на фризерот... Болно искуство, зарем не?
Кимберли Гортон (36) од Велика Британија ја растела својата коса 16 години и таа била нејзина гордост сѐ додека не ѝ ја оштетиле во еден фризерски салон.
Кимберли во септември 2019 година отишла да ja офарба косата за да ѝ изгледа малку посјајно, но фризерската посета завршила со заплеткување на нејзината коса и чворови одзади кои морале да бидат потстрижени.
Вработените во салонот минале неколку часа обидувајќи се да ја поправат штетата што ја причиниле при фарбањето, но безуспешно.
Кимберли, која е мајка на 6 деца и работи како медицинска сестра, плачела со часови затоа што било уништено тоа што го негувала 16 години.
Таа била истрауматизирана од болното искуство, но фризерскиот салон за да се искупи за грешката ѝ исплатил околу 6.200 евра, откако таа се жалела дека ѝ го уништиле тоа што ѝ било гордост и радост 16 години.
Кимберли вели дека косата била дел од нејзиниот идентитет.
„Можеби изгледа банално, но откако ми ја уништија косата јас не можев да спијам, не можев да јадам и не можев да сопрам со плачење со месеци, бев многу вознемирена и се плашев да отидам на фризер повторно. За мене тоа беше трауматско искуство, јас имав долга коса од дете. Нема да се фарбам никогаш повеќе“ изјави Кимберли.
Пред:
Потоа:
С. С. | Црнобело