Трамп немал време за миленик, а Бајден ќе донесе две кучиња – Мајор е првото вдомено куче што влегува во Белата куќа
- Детали
- понеделник, 09 ноември 2020
За време на мандатот на Трамп, првпат по 100-тина години во Белата куќа немаше кучешко лаење, бидејќи немал време за миленик, а сега со Бајден доаѓаат и двете негови кучиња - едното од нив е спасено и ќе биде првото вдомено куче во претседателската резиденција.
Последен пат кога кучешки шепи трчаа низ Белата куќа беше за време на мандатот на Барак Обама, кој редовно во дворот си играше со своите миленици.
Кога на негово место дојде Трамп, тој беше единствениот претседател во 100-тина години кој не донесе куче во Белата куќа, а изјавил дека нема ништо против кучиња, но нема време да се грижи за миленик.
По претседателските избори во 2020-та, иако Трамп не го одобрува тоа што медиумите сами го прогласиле Бајден за победник, сепак некои од неговите блиски го советуваат да го прифати поразот.
Семејството на Џо пак, објави фотка од моментот кога дознале дека тој ја добил победата:
https://twitter.com/nowthisnews/status/1325206808927981570
Откако Бајден ќе влезе во Белата куќа, повторно ќе ја врати традицијата и неговите две кучиња ќе ја развеселат куќата.
Тој има два германски овчари, од кој едниот, Чемп, веќе бил во Белата куќа, а Мајор, е првото спасено и вдомено куче кое ќе влезе во претседателската резиденција.
Чемп го имаат од 2008-ма, кога Џо ѝ ветил на Џил дека ќе купи куче ако заедно со Обама ги освојат изборите и си го одржал ветувањето.
10 години подоцна, неговата ќерка видела повик за вдомување од засолниште, каде што Мајор и неговите браќа и сестри биле згрижени откако биле спасени, а семејството Бајден го вдомиле и се пресреќни за нивната одлука.
Сега Мајор испишува историја со оглед на тоа што е првото спасено и вдомено куче кое ќе влезе во Белата куќа.
М. М. | Црнобело