Омилениот „Џејмс Бонд“ Шон Конери почина на 90 години
- Детали
- сабота, 31 октомври 2020
Сер Шон Конери почина на 90-годишна возраст, изјави неговата фамилија. Шкотскиот актер кој е најпознат по улогата на Џејмс Бонд, кој се појави дури во 7 филмови портретирајќи го ликот на најпознатиот британски шпион, починал мирно во сон на Бахамите.
Тој не се чувствувал баш добро подолг временски период, изјавил неговиот син.
Конери имаше блескава актерска кариера. Во 1988 година освои Оскар за улогата во филмот The Untouchables. Едни од неговите најпопуларни филмови се и The Hunt for Red October, Indiana Jones and the Last Crusade и The Rock.
„Тажен ден за сите што го знаеја и го сакаа мојот татко и тажна загуба за сите луѓе низ светот кои уживаа во неговиот прекрасен талент како актер“.
Конери го прослави својот 90-ти роденден на 15-ти август. Шкотската министерка Никола Стрџон изјави дека е скршена поради смртта на Сер Шон Конери.
„Нашата нација денес е во жалост поради еден од саканите синови“.
Животот на Конери низ фотографии:
Шон Конери беше првиот актер кој го глумеше Џејмс Бонд во филмот Dr. No во 1962 година заедно со Урсула Андрес.
Освои Оскар за најдобра споредна машка улога во 1988 година за филмот The Untouchables
Според многумина, тој беше најдобриот Џејмс Бонд во филмската историја
Конери беше добитник на Наградата за животно дело на Американскиот филмски институт во 2006 година, која му ја додели неговиот колега од Индијана Џонс, Харисон Форд
Конери беше многу горд на своите шкотски корени, а тоа го прослави со својата книга „Да се биде Шкотланѓанец“ во 2008 година
(О)Милена | Црнобело