Италијанско село има само двајца жители – и двајцата носат маски, иако нема кој да ги казни
- Детали
- четврток, 22 октомври 2020
Во ова италијанско селце е тешко да се стигне, односно 90% од времето само двајца дедовци се постојани жители.
Џовани Карили и Џампијеро Нобили се единствените жители во малото италијанско селце Нортоше, сместено во Умбрија, но и покрај тоа сериозно ја сфаќаат опасноста од Корона вирусот и строго се придржуваат до мерките за безбедност.
Внимаваат секогаш меѓусебно да се оддалечени на 2 метри, а кога се гледаат за да испијат едно кафе, седат на спротивни краеви. Додека шетаат, не ги вадат маските.
„Многу се плашам од вирусот. Ако се разболам, препуштен сум сам на себе, кој ќе се грижи за мене? Стар сум, но сакам да продолжам да живеам овде, да ги чувам своите овци, винови лози, кошници со пчели и овоштарникот. Сакам да берам тартуфи и печурки. Уживам во мојот живот,“ вели Карили.
Од друга страна, Нобили не се плаши толку од вирусот, туку едноставно сака да се придржува до правилата.
„Носењето на маска и почитувањето на физичка дистанца не е само од здравствени причини. Тоа не е нешто добро или лошо. Ако постојат правила, мора да се придржувате до нив, поради себе и другите луѓе. Се работи за принцип,“ објаснува другиот дедо.
Велат дека излегуваат од селото само кога им се потребни лекови или мораат да посетат доктор, а истакнуваат дека воопшто не им пречи оддалеченоста од луѓето, посебно во време на пандемија.
Двајца дедовци на стари години ни покажуваат како се почитуваат мерките, дури и кога со сигурност знаат дека нема кој да ги казни.
М. Д. | Црнобело