Бебенце оставено во торба на клупа во парк - сè почеста слика низ светот
- Детали
- понеделник, 28 септември 2020
Фотографијата со торба оставена во парк во Пукет, Тајланд го обиколи светот. Рачани Берит (68) која тоа утро џогирала во овој парк, слушнала необични звуци од торба оставена на една од клупите.
Во торбата било оставено бебе, не постаро од 7 дена.
Снимките од сигурносните камери покажале дека рано изутрина, жена ја остава торбата на клупата и заминува. Се претпоставува дека тоа е мајката на бебенцето и полицијата е во потрага по жената. Заедно со бебето биле оставени и шишенце со млеко, пелени и влажни марамчиња како и неколку парчиња облека.
Навистина жално што оваа слика е честопати реалност низ целиот свет. Велат дека пандемијата е виновна за сиромаштијата и фактот што голем број мајки немаат средства и можност да се грижат за своите малечки па се решаваат на ваков чекор...
Е. П. | Црнобело