2020-та продолжува да нè шокира – Колорадо под снежна покривка после пеколните температури (фото)
- Детали
- понеделник, 14 септември 2020
За само 48 часа, жителите на Колорадо ги почувствуваа сите годишни времиња.
На 6-ти септември, температурата во Колорадо, САД достигнувала и до 40 степени, а само 40-тина часа подоцна, на некои делови наврнале и до 30 сантиметри снег.
Yesterday’s ash and today’s snow #ColoradoFires #ColoradoSnow pic.twitter.com/rOEGDPge1L
— J. Motoki (@J_Motoki) September 9, 2020
Во националниот парк Rocky Mountain веќе неколку денови има пожари и како ова да не им беше доволно на жителите, сега треба да се справуваат со ненадејниот снег. Сепак, ако ништо друго, снегот ќе им помогне на пожарникарите да го стават пожарот под контрола.
Фотографиите, пак, што ги споделија тамошните жители изгледаат како сцена од дистописки филм. Некои направиле и фото споредби кои само докажуваат дека 2020-та не планира да престане со изненадувањата.
На фотографиите направени пред врнежите од снег се гледа портокалово небо и чад, а на оние направени само неколку денови подоцна, па дури и часови подоцна, се гледа снежната покривка.
Дел од фотографиите што ги споделија жителите:
Спирова С. | Црнобело