Вештачки облаци - СП во Катар
- Детали
- понеделник, 28 март 2011
Инженерите од Универзитетот во Катар го решија проблемот со пеколно високите температури кои ќе ги исцрпуваат фудбалерите и навивачите за...
...време на Светското првенство во 2022 година. Тие осмислија неверојатен вештачки облак, односно летечка чинија која би требало да ги прекрие стадионите и да ги разлади.
Нарон Ал Рашид облаците се на далечинско управување и се неверојатно лесни, а инженерите тврдат дека може да ја спуштат температурата за 12 степени.
Проектот е во моментов во фаза на развој, првиот прототип со димензии 4x3 метри ќе биде тестиран на крајот на оваа година.
Вештачките облаци ќе бидат полни со хелиум. Ќе се движат како што се движи сонцето, за трибините и терените во секој момент да се во сенка. Оваа технологија после светското првенство ќе може да се користи и за други цели.
Проценките велат дека еден облак ќе чини околу $500.000 долари.