Има 39 години, потекнува од Иран – Која е новата Мис Германија (и зошто ја критикуваат)?

Годинешната победничка за избор на Мис Германија има 39 години, работи како архитект, има дете, а има и своја организација преку која им дава глас на жените од малцинствата. Зошто е критикувана?

ima-39-godini-poteknuva-od-iran-koja-e-novata-mis-germanija-i-zoshto-ja-kritikuvaat-01.jpg

Изборот за Мис на светот е најпопуларниот натпревар за убавина во кој учествуваат 100-тина држави.

Пред големиот настан, секоја држава прави свој избор, а победничката на овогодишниот натпревар во Германија предизвика лавина реакции онлајн.

Факт е дека за „мисици“ обично се избираат млади девојки, најчесто во раните 20-ти, и сите задоволуваат некои стереотипни стандарди за убавина.

Апаме Шенауер е жената што е избрана за Мис Германија 2024, има 39 години, мајка е и работи како архитект.

ima-39-godini-poteknuva-od-iran-koja-e-novata-mis-germanija-i-zoshto-ja-kritikuvaat-04.jpg

На изборот кој се одржа кон крајот на февруари немало возрасна граница, а според многумина, победничката е вистинско освежување од досегашните победнички кои неретко изгледаат речиси исто.

Апаме Шенауер дефинитивно е инспирација за многу девојки и жени кои не ги исполнуваат стандардите за убавина наметнати од околината, кои неретко се нереалистични и недостижни.

Апаме е всушност доселеник во Германија и потекнува од Иран. Со семејството се преселиле кога имала шест години, а вели дека ѝ било навистина тешко да се адаптира во новата околина.

ima-39-godini-poteknuva-od-iran-koja-e-novata-mis-germanija-i-zoshto-ja-kritikuvaat-02.jpg

Црпејќи инспирација од своето искуство, Апаме се залага за поголеми права за жените како неа, жени кои се доселеници и им е тешко да се привикнат на новата средина или не се прифатени од околината.

Таа има и добротворна организација позната како Shirzan (храбра жена, лавица) преку кој им помага на жените од малцинства.

Апаме ги охрабрува да ги споделат нивните приказни, а со тоа да ја сфатат својата вредност, но и да им помогнат на другите во слична положба.

ima-39-godini-poteknuva-od-iran-koja-e-novata-mis-germanija-i-zoshto-ja-kritikuvaat-05.jpg

Интересно е што натпреварот за избор на Мис Германија значително се разликува од оној во другите држави, и тоа уште од 2019 година.

На овој натпревар, повеќе не се става фокус на физичката убавина и никој не ги оценува девојките според тоа колку се згодни.

Наместо тоа, победничката се избира во зависност од нејзиниот карактер и она што го направила во животот.

А, годинава финалистките беа навистина импресивни жени. Една од нив е со ретка автоимуна болест, додека друга има срце од донор.

Годинава беше тргната и возрасната граница, па најстарата финалистка имаше 42 години.

ima-39-godini-poteknuva-od-iran-koja-e-novata-mis-germanija-i-zoshto-ja-kritikuvaat-03.jpg

Кратко по победата, победничката сепак се соочи со критики, особено од луѓе од Германија.

Според некои, не била доволно Германка за да ја претставува Германија, додека на други не им се допаѓа нејзиниот изглед, а некои дури и ја споредуваат со вештерката од Снежана.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg