„Многу сум среќна кога сум бремена“ - мајка на 15 деца го очекува 16-тото
Најстарото дете е родено во 2008-ма и Пети повеќе од една деценија е речиси постојано бремена.
„Многу сум среќна кога сум бремена. Обично околу три месеци после породувањето, повторно забременувам“, вели таа.
Гордата мајка вели дека секогаш има полни раце работа, но постепено ги учи и децата да им помагаат. Таа перела алишта најмалку четири пати неделно и иако некогаш постарите деца ѝ помагале, воглавно таа готвела за сите.
Пети откри и како изгледало нивното секојдневие – обично сите се буделе во 8 наутро, а таа почнувала да прави појадок. После појадокот, семејството одвојувало време за молитва или читање Библија. Потоа, поголемите деца оделе на училиште, а Пети останувал дома со помалите и ги завршувала домашните обврски.
„Се обидувам да завршам сè дури се на училиште, бидејќи тогаш имам најмногу слободно време. Ако имам закажано преглед или што било, ги носам сите со мене“, вели таа.
Постарите деца ги пишувале домашните и учеле со нивните соученици, а кога ќе се врател дома сите седнувале да вечераат. Потоа повторно одвојувале време за молитва и децата си легнувале пред 9 часот навечер.
Спирова С. | Црнобело