„Многу сум среќна кога сум бремена“ - мајка на 15 деца го очекува 16-тото
- Детали
- петок, 04 септември 2020
Многу луѓе сакаат големо семејство, но ретко кој може да се спореди со оваа мајка на 15 деца.
38-годишната Пети Хернандез и нејзиниот 37-годишен сопруг Карос имаат 15 деца, и сега го очекуваат 16-тото. А, според Пети, веројатно ова нема да биде нејзината последна бременост.
Парот живее во Северна Каролина во куќа со пет спални, вклучувајќи и посебна „бебешка“ соба со 5 креветчиња. Неделно, тие трошат дури 500 долари за храна и пелени, а планираат да купат и ново возило – засега користат мал автобус со 16 седишта.
Од 15-те деца, 5 се момчиња, а 10 девојчиња. Шест од децата се и близнаци.
Имињата на сите деца почнуваат со К (односно C на англиски), во чест на нивниот татко кој работи како хигиеничар за да го издржува огромното семејство.
Семејството го привлече вниманието на јавноста во 2019-та, а оттогаш имаа уште две деца – едно кое се роди во мај 2019-та, и едно во април годинава.
Пети вели дека иако грижата за 15 деца е стресна, таа сака да има уште:
„Малку е постресно и потешко со новороденче. Бебињата постојано плачат и морам да се грижам за нив. Но, ова е благослов и навистина уживаме“.