Австралија под снежна покривка – жителите соочени со поларна бура каква што немало 15 години (фото)
- Детали
- понеделник, 24 август 2020
Изгледа годинава Австралија не може да здивне – после пожарите и пандемијата, сега жителите се справуваат со снежна бура.
Градовите во југоисточна Австралија се под снежна покривка, поради бура каква што не виделе повеќе од една деценија. Бурата зафатила места на 300 метри надморска височина, за првпат во 15 години.
Силните ветришта и температурите под нулата го означиле и најстудениот ден од годината, и, иако се очекува времето да се стабилизира, ниските температури најверојатно ќе останат.
Во Канбера, саботата бил најстудениот ден во последните четири години, со максимална температура од 7,3 степени Целзиусови. Поради силните ветришта, во повеќето завеани градови се чинело како температурата да е 3 до 5 степени под нулата.
За среќа, снегот не предизвикал голема штета и само ги начекал Австралијанците неподготвени. Всушност, голем дел од нив се и воодушевени од убавата глетка што им ја приредил снегот.
Австралија под снежна покривка во август:
Спирова С. | Црнобело