„Грозна си, не сакам да го гледам ова“ – Мајка на 3 деца добива сурови коментари за нејзиното тело

Мајка на три деца ослабела 50 килограми и не се срами да го покаже телото по бременоста на фотки, а иако се соочува со голем број критики во коментари, кои дури се разочарувачки, таа испраќа порака секоја жена да си го сака телото.

grozna-si-ne-sakam-da-go-gledam-ova-majka-na-3-deca-dobiva-surovi-komentari-za-nejzinoto-telo-01.jpg

Сара Никол од Онтарио, моментално е бремена со четврто дете, а уште пред да остане бремена по четврти пат, таа на нејзиниот Инстаграм профил преку искрени фотки почнала да го покажува нејзиното тело.

Нејзината цел е да ги охрабри жените да си го сакаат нивното тело и да не се срамат да покажат малку виснато стомаче, спуштен задник и нозе, кои неа ѝ се последица од трансформацијата од 100 на 50 килограми.

На нејзините фотки таа гордо го покажува вишокот кожа, целулитот и стриите, бидејќи со тек на време научила да се справи со непријатните емоции кои ги чувствува кога ќе се соблече.

Но, и покрај тоа што некои ѝ се восхитуваат на храброста и се благодарни за нејзините позитивни зборови, има и такви кои не се импресионирани, па дури и се згрозени од нејзините искрени фотографии.

Според неа, критикувањето на туѓо тело не е во ред во ниту еден случај и никој не треба да осудува никого за телото и изгледот. Таа самата вели дека има избор да го сокрие вишокот килограми, но одбира да не го направи тоа, па сподели дел од злобните коментари кои ги добива, а гласат:

 „Стомакот ѝ изгледа како утроба на кенгур“

„Боже, ослаби малку!“

„Ова е грозно, може ли да не го гледам ова на мојот Инстаграм?“

„Да бидеш дебел не е во ред, тоа е сериозен здравствен проблем“

Нејзините искрени фотки изгледаат вака: 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
Исповед на жена: „Родена сум од сурогат мајка – Како тоа се одрази врз мојот живот?“ „Моите родители беа многу богати и живеевме во прекрасни палати. Материјално не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg