Канје Вест се кандидира за претседател на САД, Илон Маск го поддржа – дали Ким ќе стане прва дама?
- Детали
- недела, 05 јули 2020
Ако мислевте дека 2020-та не може да стане почудна, напротив – Канје Вест ќе се кандидира за претседател на САД, а Ким можеби ќе ја наследи Меланија.
Веднаш по 4-ти јули, Денот на независноста на САД, Канје Вест објави твит кој стекна голема популарност.
Тој напиша дека е време да се соедини визијата и да се изгради иднината на Америка и најави дека ќе се кандидира за претседател на овие избори. Илон Маск напиша дека ја има неговата поддршка, па можеби планираат некоја соработка.
https://twitter.com/kanyewest/status/1279575273365594112?ref_src=twsrc%5Egoogle%7Ctwcamp%5Eserp%7Ctwgr%5Etweet
Во неколку наврати низ годините, раперот има изразено поддршка кон Доналд Трамп, а има и дискутирано на оваа тема, велејќи дека има намера да се кандидира за претседател, но никогаш не бил толку сериозен.
Уште не е познато дали официјално има поднесено документи за овогодишните избори, но официјалниот рок за пријавување независни кандидати уште не е истечен, па веројатно постојат шанси ова да е вистина.
Го замислувате ли Канје Вест како ја води најголемата светска сила, а Ким во улога на прва дама?
М. М. | Црнобело