Живописно италијанско селце нуди гратис одмор во период од јули до септември
- Детали
- понеделник, 29 јуни 2020
Замислете една седмица гратис во историско италијанско селце... Оваа 2020-та тоа е возможно, само ако нѐ послужи среќата со актуелната ситуација.
Одморите во 2020 уште не се сигурни за никој од нас. Но, границите полека се отвораат и сонот за одмор може да стане реалност.
Мало селце на југот од Италија нуди бесплатно сместување за сите посетители. Звучи премногу добро за да биде вистинито, но навистина е така.
Селото Сан Џовани се бори за да опстане и уште во 2019 година италијанската влада понуди 24.000 евра за секој кој трајно ќе се насели таму.
Како резултат на намалување на популацијата многу куќи се празни, па затоа од селото организираа 3 куќи во кој може да одморате гратис. Слободно може да престојувате една седмица во периодот од јули до септември.
Пријавувањето е ТУКА!
С. С. | Црнобело