Бубрезите на татко им откажале и го изгубиле, па ги донирале своите на непознати
- Детали
- понеделник, 29 јуни 2020
Откако нивниот татко починал бидејќи му била потребна трансплантација на бубрег, две сестри го донирале својот бубрег на непознати луѓе за да не дозволат други семејства да страдаат како нивното.
Приказната за овие сестри е стара околу 1 година, но деновиве многумина повторно се потсетија на овој хуман потег, па го издвојуваме како позитива на денот.
Марк Горалски се борел подолго време со болест и откажани бубрези, а едната сестра била подготвена да го донира својот за него, но докторите сметале дека тој не е во доволно добра состојба за да издржи трансплантација.
Откако нивниот татко починал, двете сестри Хана и Бетани, решиле дека сакаат да направат добро дело и да усреќат други семејства, со тоа што ќе го донираат својот бубрег на некого кому му е потебен.
„Мојот татко секогаш беше дарежлив и им помагаше на другите. Долго размислував како ќе си помогнам да го пребродам ова и потоа одлучив дека ова е одличен гест со кој ќе му оддадат почит. Знаејќи дека на многу луѓе им треба трансплантација, ми беше себично да си го оставам бубрегот.“ – вели едната сестра.
Сестрите веруваат дека ако нивниот татко бил ставен во таква положба, со сигурност би го направил истото, бидејќи секогаш сакал да помогне.
„Знам дека би бил горд на нас. Ги охрабрувам и другите луѓе да го прават тоа. Ние сме млади и здрави и закрепнувавме само 10 дена.“ – вели Бетани.
Сега тие гордо си ги носат лузните од операцијата кои ги потсетуваат дека спасиле нечиј живот и усреќиле нечии семејства. Браво девојки!
М. М. | Црнобело