И Даниел Кајмакоски се дружел со Ѓоковиќ и Димитров (фото)
- Детали
- петок, 26 јуни 2020
Организацијата на Adria Tour, тенискиот хуманитарен натпревар, крена навистина голема прашина на Балканот, но и во целиот свет.
Главната причина е дека во екот на пандемијата од корона вирусот, тенисерите, во организација на Новак Ѓоковиќ, играа хуманитарен меч, пред полн стадион со публика.
Неславно заврши целата идеја откако прво Григор Димитров беше тестиран и позитивен на Ковид-19, а потоа и Борна Чориќ како и организаторите Новак и Јелена Ѓоковиќ.
Иако идејата беше да се направи „нешто добронамерно“, сепак целата замисла и одржувањето на турнирот ќе биде запамтен по лошите последици кои се надеваме нема да бидат опасни по нечиј живот.
На турнирот се уживаше во добра музика и пријатно друштво, а меѓу оние кои ги забавуваа тенисерите беше и нашиот Даниел Кајмакоски. Сѐ уште немаме информација дали тој е во изолација и дали е тестиран за Ковид-19.
Е. П. | Црнобело