Последици од корона кризата – Наместо пред луѓе, Операта во Барселона одржа концерт пред 2000 растенија
- Детали
- четврток, 25 јуни 2020
Пандемијата го затвори целиот свет, но во многу држави животот колку-толку почнува да се враќа во нормала.
Почнаа да се отвораат кафетерии, плажи, но и разни институции. Пред неколку дена во Барселона беше отворена Операта, а за првиот концерт имаше навистина необична публика.
Наместо од луѓе, сите 2.292 седишта во Gran Teatre del Liceu беа зафатени од зелени растенија.
Идејата ја добил концептуалниот уметник Еугенио Ампуда, а концертот беше пренесуван во живо на сајтот на операта. Уметникот се надевал дека овој подвиг ќе ги натера луѓето добро да размислат за нашата врска со природата:
„Се наоѓаме на крајот на една ера, што значи мора да промениме некои работи. Не живееме во истиот свет како пред 90 дена и ова значи дека мораме да размислиме за сè што правиме“, изјави тој.
Можеби растенијата не можеле да им аплаудираат на музичарите, но науката покажа дека реагираат на звуци, што значи дека сепак уживале во концертот.
Интересно е што се планира сите растенија да им се подарат на здравствените работници кои биле во првите редови во борбата против корона вирусот.
Уникатниот концерт во Операта во Барселона:
Спирова С. | Црнобело