Пар купил неквалитетно изграден дом, па се жали од инвеститорот со напис од прозорецот
- Детали
- среда, 24 јуни 2020
Сигурни сме дека и во Македонија постојат многу вакви изреволтирани парови кои купиле скап дом, кој воопшто не ги исполнил очекувањата. Инвеститорите некогаш знаат навистина да ветат премногу, а дадат премалку.
Кога тешко заштедените пари ќе одлучите да ги вложите во нов дом или пак кога ќе се задолжите со огромен кредит за да си го решите станбеното прашање е еден од најзначајните мигови во животот. Но, што кога тој дом нема да се погоди и ќе биде вистинско разочарување?
Пар се соочил со таква ситуација.
Младите Џек и Клое Рајт се вселиле во нов дом за кој наскоро сфатиле дека е многу неквалитетно изграден, па разочарани од ситуацијата со напис на бело платно се пожалиле.
„Купувањето на дом од овој инвеститор ни беше најлошата одлука. Ве молиме прашајте нѐ зошто!“
Написот висел од еден од нивните прозорци и ги предупредувал останатите луѓе да не купуваат домови од тој инвеститор.
Но, за жал парот законски бил присилен да го тргне написот, иако тие велат дека нема да се смират, дека ќе го тужат на суд инвеститорот затоа што не го добиле тоа што им било ветено во поглед на квалитетот на домот.
Колку и во Македонија се случуваат вакви ситуации?
Дел од нивните проблеми било и тоа што се поплавиле:
С. С. | Црнобело