„Тежок карантин“: Си живее сам во луксузен хотел во Барселона (фото)
- Детали
- среда, 10 јуни 2020
Замислете да живеете сами 3 месеци во луксузен хотел во Шпанија со бескраен базен на покрив, кралски апартмани и СПА центар.
Даниел Ордоњез веќе 3 месеци живее сам во луксузниот хотел „W Barcelona hotel“ во Шпанија.
Тој, како вработен таму, се вселил на почетокот од пандемијата за да се осигура дека сѐ е безбедно. Мислел дека ќе остане неколку седмици, но останал неколку месеци.
Вели дека му е навистина чудно што си готви сам во огромната кујна на хотелот и што си пере алишта во огромната соба со машини за перење, но и дека ужива во тишината и погледот од базенот.
Даниел ужива и во фитнес центарот, кралските апартмани и СПА центарот.
Тој дури организирал на фасадата на хотелот да се појави светлечко срце како благодарност за здравствените работници.
Па, секој би посакал да е на негово место, зарем не?
С. С. | Црнобело