Маж во Велика Британија ѝ го вратил ѓубрето дома на жената што го фрлила на патот
- Детали
- вторник, 09 јуни 2020
Сакаме вакви херои и во Македонија... На некултурните луѓе да им го вратиме ѓубрето дома, нема друго, нема разбирачка со некои ликови!
Симон Гордон стана вирален хит откако направи нешто кое секој од нас многупати досега посакал да го направи, но најверојатно не собрал храброст.
Тој на некултурната жена, што го фрлила ѓубрето среде пат, ѝ ги вратил вреќите дома. Браво!
33-годишниот Гордон видел фотографии на Фејсбук од жена која излегува и фрла ѓубре во место блиску Манчестер.
Знаел дека тоа што го прави таа е штетно за околината. Да не заборавиме и некултурно.
Според фотографиите објавени на Фејсбук успеал да ја идентификува и да ја лоцира, па го собрал ѓубрето и ѝ го однел дома.
„Ќе ѝ го вратам за да не ѝ недостига“, вели Симон.
Луѓето ширум светот се воодушевени од храброста на Симон и восхитени од потегот.
Ајде вакви потези и во Македонија... Гласаме ЗА опаметување на некултурните!
So today this Lady got caught by several residents leaving her belongings in a car park in my village so me being me i took it back to her like the good guy i am. You're welcome Mrs Leigh. 👍😎👍
Posted by Simon Gordon on Friday, June 5, 2020
С. С. | Црнобело