После вчерашното успешно лансирање, астронаутите Боб и Даг безбедно стигнаа на Меѓународната вселенска станица (фото+видео)
- Детали
- недела, 31 мај 2020
После првото одложено лансирање, SpaceX и НАСА во саботата ги испратија астронаутите Боб и Даг на мисија до Меѓународната вселенска станица. Денес, околу 16:00 часот, после речиси 19-часовен лет, тие стигнаа на својата дестинација.
Лансирањето од Вселенскиот центар Кенеди во Флорида помина успешно, а после одделувањето на ракетата и капсулата, ракетата Falcon 9 безбедно се врати на Земјата. Капсулата Crew Dragon, пак, продолжи да се движи кон Меѓународната вселенска станица.
Првпат во историјата, астронаутите од НАСА беа лансирани во комерцијална ракета. Оваа мисија е всушност тест за системот за транспортација на SpaceX. Првпат леталото Crew Dragon беше тестирано лани, а вчерашното лансирање, односно мисијата Demo-2, е првиот тест со екипаж.
Астронаутите беа лансирани со ракетата Falcon 9 во саботата. Околу две минути после полетувањето, едниот дел од ракетата се оддели од Crew Dragon и успешно беше вратен на Земјата.
https://www.youtube.com/watch?v=Dm__ZSLc6Is&feature=emb_title
Околу 12 минути после лансирањето, од капсулата се оддели и вториот дел, и Боб и Даг го продолжија патот до Меѓународната вселенска станица.
Пред да стигнат до нивната дестинација, астронаутите споделија и видео од внатрешноста на леталото.
Денес астронаутите му се придружија на екипажот на Меѓународната вселенска станица, после успешното „прикачување“ на капсулата.
Не е точно познато колку долго Боб и Даг ќе останат на Станицата, но капсулата Crew Dragon може да помине и до 114 дена во вселената.
По завршувањето на мисијата, капсулата ќе се оддели од Станицата и ќе тргне кон Земјата, слетувајќи во Атланскиот Океан, во близина на Флорида.
Погледнете како изгледаше првиот обид за лансирањето, но и зошто е важна оваа мисија.
Настанот можете да го следите и во живо:
/Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





