Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Првото лансирање на астронаути од SpaceX одложено заради лоши временски услови - Зошто е важна оваа мисија?

Компанијата на Илон Маск, SpaceX, во соработка со НАСА, работи на една од поважните вселенски мисии од изминативе неколку години.

prvoto-lansiranje-na-astronauti-od-spacex-otkazhano-zoshto-e-vazhna-ovaa-misija-01.jpg

Ова е првата мисија со екипаж на SpaceX, но и првото лансирање на астронаути од американска почва, после речиси цела деценија.

Мисијата е наречена Demo-2, а екипажот го сочинуваат астронаутите Боб Бенкен и Даг Харли. Боб и Даг ќе бидат лансирани од Флорида, во капсулата Crew Dragon, со помош на ракетата Falcon 9.

prvoto-lansiranje-na-astronauti-od-spacex-otkazhano-zoshto-e-vazhna-ovaa-misija-02.jpg

Првото лансирање беше закажано за вчера (27.05.2020), но се откажа поради лошите временски услови.

Со капсулата Crew Dragon, астронаутите ќе одат до Меѓународната вселенска станица каде што ќе останат некој период, а потоа ќе бидат вратени на Земјата.

prvoto-lansiranje-na-astronauti-od-spacex-otkazhano-zoshto-e-vazhna-ovaa-misija-04.jpg

prvoto-lansiranje-na-astronauti-od-spacex-otkazhano-zoshto-e-vazhna-ovaa-misija-03.jpgАстронаутите Боб и Даг на вчерашното откажано лансирање

Оваа мисија е од голема важност бидејќи е првото лансирање на екипаж од САД, од јули 2011-та. Оттогаш, НАСА го користи руското летало за превоз на астронаути до Станицата, и тоа по цена од 90 милиони долари за човек. Па, целта на оваа соработка со SpaceX е намалување на трошоците и еден вид независност на НАСА за вселенските патувања.

Според администратор на НАСА, Џим Бриденстајн, оваа мисија ќе ни го олесни и патот до Месечината, а со тоа и потенцијалното патување до Марс.

Леталото на SpaceX може да се користи за повеќе мисии и лансирања, што дополнително ги намалува трошоците. А, оваа мисија ќе биде еден вид тест за тоа дали леталото може редовно да се користи за летови до и од Меѓународната вселенска станица.

prvoto-lansiranje-na-astronauti-od-spacex-otkazhano-zoshto-e-vazhna-ovaa-misija-05.jpg

Ако мисијата се покаже како успешна, од SpaceX планираат следната година да испратат и вселенски туристи, заедно со астронаутите.

Како што напоменавме, поради лошите временски услови вчерашното лансирање беше одложено, а следното е закажано за 30-ти мај.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како помина вселенското патување на Лорен Санчез и Кети Пери со женски екипаж + зошто јавноста ја ис... Кети Пери им пеела во капсулата, па ја бакна земјата откако се вратија назад. Ка...
Бизарна прослава за откривање на пол на бебе: Родителите и гостите речиси се задушија со чад, го ева... Пар одлучил да користи сув мраз за откривање на полот на нивното дете, и тоа вна...
Заглавените астронаути се враќаат на Земјата по 9 месеци – капсулата пристигна на Меѓународната всел... Синоќа (16.03) капсулата што треба да ги врати астронаутите Сунита Вилијам и Бер...
Кои националности се најдобри, а кои најлоши во кревет според жена од Канада, која сака да спие со м... Досега имала искуство со мажи од Израел, Хаити, Норвешка, Никарагва, Швајцарија,...
Родители од Австралија лажеле дека син им (6) има рак за пари од донации - му ја избричиле и косата Го терале 6-годишното дете да користи инвалидска количка и лажејќи дека има рак,...
Како изгледа животот на највисоката жена во светот – мора да користи количка, ја исмејувале поради в... Највисоката жена во светот има 27 години и живее во Турција. Нејзината висина се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg