Бизарна идеја: Картонски „луѓе“ седат во ресторан во Сиднеј за гостите да не се чувствуваат осамено

И во Македонија наскоро се најавува отворање на кафулињата и рестораните со препораки за социјално дистанцирање. Но, ваква идеја? Не, благодариме!

bizarna-ideja-kartonski-lugje-sedat-vo-restoran-za-gostite-da-ne-se-chuvstvuvaat-osameno-poradi-socijalnata-distanca-01.jpg

Одењето во ресторан не се сведува само на храната, туку важна е и атмосферата.

Па, мртвата тишина и речиси празниот ресторан не се ничија замисла за добар помин. Можно е да се чувствувате дури некомфорно.

bizarna-ideja-kartonski-lugje-sedat-vo-restoran-za-gostite-da-ne-se-chuvstvuvaat-osameno-poradi-socijalnata-distanca-02.jpg

Социјалното дистанцирање ќе биде дел од нашата иднина, па рестораните почнаа да смислуваат трикови како гостите да не се чувствуваат осамено и непријатно.

Сепак, идејата на еден ресторан во Австралија дефинитивно ја прогласуваме за бизарна.

bizarna-ideja-kartonski-lugje-sedat-vo-restoran-za-gostite-da-ne-se-chuvstvuvaat-osameno-poradi-socijalnata-distanca-04.jpg

Сопствениците на ресторанот „Five Dock Dining“ во Сиднеј поставиле картонски „луѓе“ по масите за да им дадат простор за дистанцирање на гостите, но притоа тие да не се чувствуваат лошо во речиси празниот локал.

Инаку, во Австралија кафулињата и рестораните се отворија, но има многу строги ограничувања за бројот на гости.

bizarna-ideja-kartonski-lugje-sedat-vo-restoran-za-gostite-da-ne-se-chuvstvuvaat-osameno-poradi-socijalnata-distanca-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ме прогонува“ - Бизарна маица со принт од свиња го згрози светот „Оваа страшна маица ме прогонува“ е еден од коментарите за маицата која ги подел...
„За малку можел да се спаси“ – Што знаеме за трагичната смрт на британскиот доктор во Грција? Британскиот доктор и водител Мајкл Мозли беше пронајден мртов на малиот грчки ос...
Милионер од Дубаи ги сподели правилата што неговата сопруга мора да ги почитува: „Не смее да готви и... „Да не сакаш и втора жена?“ – го прашуваат некои следбенички милионерот од Дубаи...
„Не заслужувате да сте родители“ - Брачен пар ги оставил децата во кабина на крузер за да одат сами ... „На сличен начин беше киднапирана Медлин МекКен пред неколку години, а денес све...
Мухамед е суперхерој од реалноста - згрижува смртно болни деца за да не бидат осамени Го нарекуваат муслиманската Мајка Тереза, има згрижено над 80 деца кои се пред к...
Мајка ѝ ја добила во афера, секогаш бира постари мажи - Како внуката на Борис Елцин стана скандал-де... Таа е петта внука на рускиот претседател Борис Елцин. На 17 години започна врска...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg