Милионер од Дубаи ги сподели правилата што неговата сопруга мора да ги почитува: „Не смее да готви и да плаќа сметки“

„Да не сакаш и втора жена?“ – го прашуваат некои следбенички милионерот од Дубаи кој се пофали со луксузниот живот што ѝ го овозможува на својата сопруга. Тој вели дека постојат некои правила што таа мора да ги почитува.

milioner-od-dubai-gi-spodeli-pravilata-shto-negovata-sopruga-mora-da-gi-pochituva-ne-smee-da-gotvi-i-da-plakja-smetki-01.jpg

Милионер од Дубаи кој на ТикТок и Инстаграм се јавува под името Real Risky Ricky во две видеа ги сподели правилата што неговата сопруга мора да ги почитува, а во коментарите под видеата, жените од целиот свет велат дека посакуваат и тие да бидат на нејзино место.

milioner-od-dubai-gi-spodeli-pravilata-shto-negovata-sopruga-mora-da-gi-pochituva-ne-smee-da-gotvi-i-da-plakja-smetki-02.jpg

Неговата сопруга Линда, која исто така има свој ТикТок профил, често споделува видеа во кои открива детали од нејзиниот живот во Дубаи, а сега и нејзиниот сопруг одлучи да објасни што е она што го очекува од неа.

Правилата што тој ги сподели се следниве:

1. Нема готвење, смееме да јадеме само во ресторани;

2. Смее да носи само дизајнерска облека;

3. Не смее да оди на шопинг без мене;

4. Смее да јаде само во ресторани со 5 ѕвездички;

5. Смее да носи само чанти на Chanel;

milioner-od-dubai-gi-spodeli-pravilata-shto-negovata-sopruga-mora-da-gi-pochituva-ne-smee-da-gotvi-i-da-plakja-smetki-05.jpg

6. Не смее сама да се шминка, за тоа има професионалци;

7. Таа не смее да плаќа сметка, тоа е навреда;

8. Треба да ми роди слатки бебиња;

9. Не смее да се плаши од височини (затоа што ќе се возиме во хеликоптер);

10. Секогаш да биде подготвена за авантури.

milioner-od-dubai-gi-spodeli-pravilata-shto-negovata-sopruga-mora-da-gi-pochituva-ne-smee-da-gotvi-i-da-plakja-smetki-03.jpg

Очигледно, на голем број дами од светот им се допаднаа овие правила, па во коментарите почнаа да го прашуваат:

„Да не имаш брат?“;

„Да не сакаш да земеш втора жена?“;

„Како може и јас да си најдам ваков маж“.

Погледнете ги видеата:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg