Мухамед е суперхерој од реалноста - згрижува смртно болни деца за да не бидат осамени
- Детали
- среда, 08 мај 2024
Го нарекуваат муслиманската Мајка Тереза, има згрижено над 80 деца кои се пред крајот од својот живот, а се напуштени, за да не се чувствуваат осамено пред смртта - Мухамед ја враќа вербата во човештвото.
Мухамед Бзек, 69-годишен Американец со потекло од Либија, го посветил својот живот на напуштените деца кои се пред крајот од животот.
Пред повеќе од 40 години, Бзек се преселил во САД да студира електронско инженерство.
Денес живее во Лос Анџелес, каде што е еден од ретките згрижувачки родители кои се грижат исклучиво за смртно болни деца.
Неговата приказна се најде на насловните страници на LA Times во 2019 година.
По објавувањето на текстот за него, многумина го нарекуваат муслиманска Мајка Тереза.
Мухамед е добитник и на Меѓународната награда за добротворни цели, а за неговиот живот е направен и документарен филм.
Во 1995 година тој и неговата сопруга (која повеќе не е меѓу живите) одлучиле да посвојат деца кои родителите ги оставиле во болница или деца кои од родителите се одземени од страна на државата, поради насилство.
Оттогаш досега тој има згрижено 80 деца, а десетина му починале на раце.
Одделението за грижа на деца во Лос Анџелес соработува со Бзек.
Кога имаат информација дека некое напуштено дете е пред крајот на својот живот го прашуваат Бзек дали може да го посвои.
Негова цел е овие деца да се чувствуваат безбедно и сакано до самиот крај.
Мухамед често, освен засолниште и љубов, на тие деца им дава име, бидејќи во болница се оставени без идентитет.
Тој има и биолошки син, Адам (27) кој е роден со кршливи коски и џуџест раст.
Досега ја има скршено секоја коска барем по еднаш.
фото: Јутјуб
Иако грижата за болните деца кои се пред умирање е болен процес, сепак сака да помага.
Тој соработува и со медицинска сестра која доаѓа секој ден кај него, за тој а може да направи пауза, да заврши некоја работа и да отиде до џамија.
фото: Јутјуб
Но и самиот тој се соочува со тежок здравствен проблем.
Минатата година лекарите му дијагностицирале рак на дебелото црево.
Тој открил и како се чувствувал кога ја дознал оваа вест.
„Семејството не беше покрај мене и бев исплашен. Го чувствував истото што и тие деца. Тие се сами. Ако јас на 62 години бев исплашен, тогаш како им е на нив?“
С. Ш. | Црнобело / фото: Инстаграм