Кралицата Елизабета Втора има 6 Гинисови рекорди
- Детали
- понеделник, 18 мај 2020
Кралицата Елизабета II е во секој поглед единствена. Таа има шест Гинисови рекорди кои ги направила за време на своето 68-годишно владеење.
1. Во април годинава, таа наполни 94 години. Елизабета Втора е кралица која владее најдолго со британската монархија – на престолот е од февруари 1952 година.
2. Во 2012-та е прогласена за најбогата кралица. Тогаш, нејзиното богатство е проценето на 310 милиони фунти.
3. Уште еден рекорд е бројот на земји во кои таа владее – таа е на чело на 116 земји на Комонвелтот со вкупно 139 милиони жители.
4. Ликот на Елизабета II е на 35 ковани пари во светот. Ниту една личност не добила таква чест во толкави размери.
5. Нејзиното височество владее најдолго од сите монарси во историјата. Во 2015-та година го собори рекордот на кралицата Викторија која владеела 63 години.
6. Во 2013-та година таа стана најстар монарх на нашето доба, после смртта на кралот на Саудиска Арабија - Абдулага ибн Абдул-Азиза Ал Сауд – на 90 години.
Е. П. | Црнобело