Фото докази дека Скандинавците го практикуваат социјалното дистанцирање долго пред пандемијата
- Детали
- понеделник, 04 мај 2020
Познато е дека Скандинавците го ценат личниот простор на другите, па, кај нив, социјалното дистанцирање постои долго пред пандемијата.
Еден корисник на Imgur споделил постари фотографии од скандинавските земји, некои и од пред пет години, на кои се гледа дека овие луѓе уште одамна практикуваат избегнување на метежите и турканиците.
„Чекање автобус како Швеѓанец“
Нивното почитување на личниот простор е толку вградено во тамошната култура, што Скандинавците почнале да прават и шеги за новите мерки за безбедност. Наводно, 2 метра растојание за нив било премалку.
Корисникот објасни дека овде е сосема нормално да се држите многу понастрана од луѓето кои не ги познавате.
„Не сакаме ни кога ни зборуваат и продавачите. Сакаме да бидеме оставени на мир од луѓето кои не ги познаваме“, споделил корисникот.
Тој вели дека кога се качувале во автобус, гледале да седат сами. Ако сепак морале да седнат до некој, никако не почнувале да разговараат.
„Оставете ја личноста на мир, можеби размислува за нешто важно“, вели корисникот.
Во Финска се сметало и за неучтиво да седнете до некој во автобус ако има две празни седишта.
Правилата важат и на постојките, а самите можете да забележите дека луѓето чекаат на големо растојание едни од други.
Сепак, во поголемите места, како Осло, правилата не биле толку строги.
„Кога времето се стоплува сите во Скандинавија се подруштвени, па социјалното дистанцирање малку се намалува.“
Интересно е што наводно, не било добро ни да застанувате премногу далеку од другите. Со ова можело да оставите лош впечаток. За време на разговор, пак, сосема нормално било да се оддалечете од соговорникот ако сметате дека стои премногу блиску до вас.
„Целта е да можете да се релаксирате, без другите непоканети да го нарушуваат личниот простор“, вели корисникот.