Ресторан за една личност среде поле во Шведска - достава на храна со јаже
- Детали
- вторник, 28 април 2020
„Ова ќе биде единствениот ресторан на светот каде сте безбедни од корона вирусот“, велат сопствениците.
Шведска им советува на луѓето социјално да се дистанцираат, но властите не ги заклучија граѓаните комплетно во нивните домови.
Тие имаат полежерен пристап кон корона вирусот и се надеваат на стекнување на т.н. „имунитет на стадото“.
Рестораните и кафулињата во Шведска продолжија да функционираат, но со специјални мерки кои луѓето ги почитуваат.
Сепак еден ресторан коцептот на социјално дистанцирање го одведе на едно ново ниво.
Во тој ресторан ќе се служи само по еден клиент, кој ќе седи среде поле, а храната ќе му се доставува со корпа преку јаже, директно од кујната.
Ресторанот чие име е „Bord för En“, односно „Маса за еден“ ќе биде отворен на 10-ти мај и ќе работи до 1-ви август.
Сопружниците Карлсон откриваат дека ја смислиле идејата за овој ресторан благодарение на мерките за социјално дистанцирање и велат дека овој ресторан ќе биде единствениот во светот што е безбеден од корона вирусот.
Тие со овој потег ги охрабруваат луѓето да научат да минуваат квалитетно време сами со себе.
С. С. | Црнобело