Денес е денот на планетата – 10 фото причини зошто да ја чуваме Земјата и да ја оставиме да закрепне
- Детали
- среда, 22 април 2020
Пожари во Амазонија, пожари во Австралија, огромно ниво на загадување, климатски промени – планетата Земја од почетокот на оваа година (но и многу години претходно) се бори да се излечи, а корона вирусот, иако е наш непријател, изгледа дека ќе ѝ помогне на планетата да закрепне, додека сите сме во карантин.
Денес, на 22 април, по 50-ти пат се одбележува денот на планетата Земја, откако во 1970-та година се прославил за првпат.
За жал, многумина забораваат дека се само „потстанари“ на планетата, забораваат дека со своето несовесно однесување го уништуваат нашиот единствен дом, бидејќи втора планета Земја не постои. Имаме една и треба да научиме да ја чуваме, не само денес, туку секој ден треба да сме благодарни што ја имаме и да даваме барем еден мал придонес со кој ќе помогнеме да ја зачуваме.
Планетата предолго време страда, а изгледа дека корона вирусот, иако е непријател на луѓето, добро ѝ дојде на Земјата за да закрепне.
Со оглед на тоа што речиси целиот свет е во домашен карантин, сообраќајот на улиците е значително намален, авионскиот сообраќај исто така е сведен на минимум, туристите не ги преплавуваат улиците и каналите, а со тоа градовите кои се гушеа сега се прочистени, животните конечно можат да уживаат во природата без некој да ја уништува и планетата Земја ги има своите 5 минути.
Луѓето ширум светот го прославуваат денот на планетата, а ние ве потсетуваме зошто треба да престанеме да ја уништуваме, преку илустрации.
10 фото причини кои покажуваат како планетата страда и се надеваме дека ќе допрат до сите:
М. М. | Црнобело