Видео повик од Меган и Хари, невидени фотки од младоста – како кралицата го прослави 94-тиот роденден во изолација?
- Детали
- среда, 22 април 2020
Во вторникот, кралицата Елизабета наполни 94 години, но вообичаените прослави беа откажани поради пандемијата.
Првпат во нејзиното владеење, кралицата побарала годинава да се прескокне традиционалната прослава, која вклучува и пукање со топови, а откажана е и парадата „Trooping the Colour“ која се одржува во јуни.
Целото кралско семејство е во изолација, па кралицата го помина роденденот во замокот Виндзор со сопругот Филип. Но, ова не значи дека честитките изостанаа.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон споделија фотографија со кралицата направена минатиот мај.
„Ѝ посакуваме среќен 94-ти роденден на Нејзиното Височество“, стои во описот на фотографијата.
И Принцот Чарлс ѝ оддаде почит на својата мајка, со неколку фотографии од него, кралицата и Камила.
Меган и Хари, пак, решија да ѝ честитаат на кралицата со видео повик, во кој наводно учествувал и малиот Арчи.
На официјалниот Instagram профил на кралското семејство по повод роденденот на кралицата беа објавени стари снимки од Елизабета и нејзината почината сестра, принцезата Маргарет.
„Среќен роденден, Ваше Височество.
Ви благодариме за денешните пораки, на 94-тиот роденден на кралицата.
Во оваа приватна снимка ја гледаме кралицата како си игра со нејзиното семејство, вклучувајќи ја и нејзината помлада сестра, принцезата Маргарет.
Шеф на Комонвелтот, на вооружените сили, на 16 држави и монархот со најдолго владеење во британската историја. Сопруга, мајка, баба и пра-баба.
Среќен роденден, Ваше височество“, пишува во описот на објавата.
Покрај видеото кое веднаш го привлече вниманието на јавноста, беа споделени и неколку фотографии од младоста на кралицата, од кои дел се досега невидени.
Спирова С. | Црнобело