Српски новинар запраша врвен епидемиолог-жена - „зарем не би можела таа тешка задача да ја изврши маж?“
- Детали
- среда, 22 април 2020
Дури и ден-денес, многупати се случува жените да добијат некултурни прашања и да бидат кариерно потценети само заради тоа што се жени, или да бидат осудени заради тоа што избрале да не бидат мајки од непознати и впрочем, неважни причини.
Неодамна, Даниела Мартиновиќ беше запрашана зарем не се кае што нема деца во животот и како сите нејзини достигнувања се практично ништо и паѓаат во сенка поради тоа што познатата пејачка нема пород?
И баш се сеќавам како си помислив – жена на жена си е најголема непријателка. Што имаше потреба од вакво прашање?
Ќе најдеш утре можеби лек за корона, ама не – не си мажена. Дете немаш во животот! Трагедии велам. Првото достигнување не ти вреди ништо.
Но, почекајте. Не се само жените непријателки на жените. Српски новинар се надмина себеси во еден дневник кога успеа врвниот епидемиолог д-р Дарија Кисиќ Терапевчиќ да ја праша дали можеби би било подобро во центарот на жариштата со корона да се упати некој маж, наместо жена, бидејќи сепак - ова е најблиска состојба до воена состојба.
Иако упати „почитување“ на дамите во однос на родова нееднаквост, сепак, самото прашање си го направи своето и остави лош впечаток.
Докторката едноставно рече дека не го разбира прашањето и не е важно дали се работи за маж или жена, сè додека работата се врши успешно.
Say no more pic.twitter.com/7jUWNz4UBc
— Luka Rašković (@raskovicluka) April 20, 2020
Следниот пат кога ќе пробаат да ве убедат колку сме ние напредни, модерни, родово еднакви, особено на Балканот, слободно може да се потсетите на овој и уште еден куп слични примери и да си се разубедите. Во одредени аспекти ние сме сè уште во темниот век.
Од вас не се очекува да заминете во војна и да се борите. Од вас се очекува да седите дома, да кукате над огништето, да зготвите и евентуално да превивате ранети.
Слично и денес. Очигледно од вас не се очекува како жена докторка да отидете во епицентарот на короната и да си ја работите работата. Не, ве молам, силниот, јакиот и изджливиот господин маж ќе отиде да ја реши таа работа.
Жената евентуално може да испазари и да дезинфицира по дома, ајде женче тебе ептен те бидува за тоа.
Многу ве боли кога една жена е успешна. Особено доколку е паметна, а згора на тоа и убава, средена, смирена, насмеана, срдечна.
Знам дека ви е просто неверојатно како оваа убава, паметна докторка е врвен стручњак во нејзиното поле и токму нејзе ѝ е доверена задачата во ова тешко време.
Добар дел веројатно и не ја сфаќаат сериозно или треперат од страв дека сериозната задача ѝ е доверена на „една жена“. Фрчат секакви сексистички коментари поврзани првенствено со нејзиниот изглед, наместо нејзината работоспособност.
А ваквиот тип на водители уште го потпалуваат огнот и поставуваат безумни прашања од кои треба да се засрамат. Сериозно треба да се засрамите што во годината 2020 уште водите дебата за способноста на жени VS. мажи.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Автор: (О)Милена | Црнобело