Модерни „Ромео и Јулија“ во Италија: Се вљубиле гледајќи се од терасите во карантин
- Детали
- вторник, 14 април 2020
Тоа било љубов на прв поглед, а Мишел го освоил срцето на Паола кога го испишал нејзиното име на чаршаф и го поставил на својата зграда.
Љубовта наоѓа свои патишта дури и во време на корона карантин... Романтична сцена од Италија го обиколи светот.
Италијанка се вљубила на прв поглед во маж што живее во зграда спроти нејзината во Верона, откако го видела на тераса во време на корона карантинот.
Паола Агнели (39) првпат го видела Мишел Д’Алпос (38) кога двајца излегле на тераса во одредено време за да слушаат музика за да се поткрене духот во време на пандемијата.
Помеѓу луѓето кои изведувале во тоа соседство била и сестрата на Паола, која е виолинистка, а Паола ѝ помагала со озвучувањето. Таа секој ден свирела од прозорец или на терасата од својот дом за да го поткрене духот на заедницата.
Така тој ден кога ѝ помагала на сестра си, Паола го забележала Мишел, а и тој неа.
„Првиот пат кога се видовме со Мишел беше љубов на прв поглед, едноставно очите ни се сретнаа. Атмосферата беше многу романтична“, вели романтичната Италијанка.
Откако Мишел дома соопштил дека е заинтересиран за девојката од спорти, неговата сестра му кажала дека всушност се знае со Паола од локалниот фитнес центар, па таа му го дала нејзиното име и Инстаграм профил.
Наредниот ден романтичниот Мишел го напишал името на Паола и го прикачил на својата зграда за таа да види. Се заследиле на Инстаграм и сега постојано се допишуваат.
Парот едвај чека да се сретне во живо по завршувањето на карантинот.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





