Приватен џет со богаташи од Лондон тргна во француска вила - итно испратени „рикверц“
- Детали
- петок, 10 април 2020
4 супер богати мажи и 3 млади девојки си тргнале на одмор во луксузна вила во Кан среде пандемијата на корона.
Супер богатите луѓе изгледа сметаат дека сѐ им е дозволено – дури и во време на ваква вонредна ситуација.
Приватен џет со 7 богаташи од Лондон слетал во Франција и се обиделе да стигнат до изнајмена приватна вила во Кан.
4 мажи во 40-тите и 50-тите години од животот, како и 3 девојки во 20-тите во саботата откако слетале веднаш биле пресретнати од локалната полиција.
И покрај корона вирусот тие планирале да си одмораат во луксузна вила во Кан, но, за среќа, веднаш биле испратени назад за Лондон.
Некои луѓе навистина ги преминуваат сите граници, зарем не?
Прочитајте и Пар заглавен во карантин на Малдивите на „вечен“ меден месец – сами во луксузен ресорт!
С. С. | Црнобело