Прекрасна небесна глетка: Најубавите фотки од априлската „розова Месечина“
- Детали
- среда, 08 април 2020
Оние кои уживаат во погледот кон небото и ѕвездите, вчера имаа можност да ја „уловат“ розовата Месечина која го осветли небото ширум светот.
Розовата Месечина се нарекува и супермесечина, а вчера истата беше најблиску до Земјата од било кој друг ден, со што се создава супермесечина, односно полна Месечина која изгледа поголемо од вообичаено.
Малото растојание измеѓу Месечината и Земјата, прави супермесечината да изгледа за 7% поголема од вообичаената полна Месечина и за 30% посветла.
Покрај вљубениците во астрономијата, и останатите кои уживаат во прекрасна глетка кон небото можеа да го доживат оној феномен, а оние кои се малку повешти со фотоапаратите, успеаја да направат кул фотки.
Ви ја доловуваме розовата Месечина од април 2020, низ фотки и видеа од светот и Македонија:
https://www.instagram.com/p/B-sdxbupgza/
https://www.instagram.com/p/B-tQZ3eFVKX/
https://www.instagram.com/p/B-t5ZmDDpqq/
М. М. | Црнобело