Дедото кој оздраве од корона, преживеал шпански грип и војна – сега слави 104-ти роденден
- Детали
- четврток, 02 април 2020
Во овој период, инспиративни се приказните за луѓето кои оздравуваат од корона вирусот, посебно кога станува збор за повозрасни лица кои во животот успеале да се изборат со секакви битки.
По приказната за 101-годишниот дедо од Италија, но и девојката од Скопје, кои се излекуваа од корона вирусот, следи приказната за најстариот заболен од корона, кој се излечи и го прослави 104-тиот роденден.
Бил е дедо од Орегон кој според неговата внука има заразна насмевка и огромно срце, а неговата приказна е инспиративна.
Пред 25 дена тој ги имал првите симптоми, а се верува дека тој е најстариот пациент кој го преживеал корона вирусот. Станува збор за лесна клиничка слика, заради што тој речиси „на нога“ го прележал вирусот без потреба од хоспитализација.
Тој секоја година го прославувал својот роденден во голем круг на луѓе, а овојпат, неговото најблиско семјество го израдувало со балони, торта и натписи пред домот за ветерани во кој живее.
?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.foxnews.com%2Fhealth%2Foregon-veteran-104-could-be-oldest-coronavirus-survivor
Тие одржувале дистанца еден од друг со оглед на ситуацијата, но сепак успеале да го израдуваат дедото по повод неговиот 104-ти роденден.
„Нашиот најстар ветеран го преживеа КОВИД-19 и денес слави 104-ти роденден“ – напишаа од домот за ветерани.
Инаку, тој е роден во 1916-та, две години пред шпаскиот грип, а од 1943-та служел во американската армија.
Се надеваме на што повеќе позитивни приказни во овој период! Браво деденце!
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





