Диви кози ги „окупираа“ улиците на град во Велс (фото+видео)
- Детали
- четврток, 02 април 2020
Кога луѓето стивнуваат, животните стапуваат на сцена, сега ова е град на козите, се шегуваат локалците.
Во приморското гратче Ландудно во Велс, откако луѓето почнаа да ги почитуваат препораките за самоизлација, дивите кози почувствуваа слобода да се прошетаат по градските улици.
Дивите кози кои вообичаено се движат по блиското крајбрежје на Ирското Море, сега деновите ги минуваат пасејќи цвеќиња од парковите во градот и шетајќи се по улиците.
Од локалците на шега велат дека ова сега е град на козите:
When this is over I vote we let the goats keep Llandudno. It’s their city now. pic.twitter.com/ksWoZvWQ7Z
-->— Eleanor Penny is on 🌃 eleanorkpenny.bsky (@eleanorkpenny) March 31, 2020
Goat update: they’re back, and they’re gathering in groups of more than 2 🐐 pic.twitter.com/Bc2N42SPGo
— Andrew Stuart (@AndrewStuart) March 28, 2020
Прочитајте и Срни на улиците во Јапонија, мајмуни во Тајланд додека луѓето се во карантин (фото)!
С. С. | Црнобело