Преживеале шпански грип и холокауст, сега се чуваат од корона – Приказната на Наоми (101) и Ева (95)
- Детали
- среда, 01 април 2020
Пред некој ден, светот дозна за две навистина неверојатни жени, благодарение на приказната која беше објавена во The New York Times.
101-годишната Наоми Реплански и 95-годишната Ева Колиш се заедно уште од 1985-та, но она што е уште поневеројатно е што овие жени ги преживеале шпанскиот грип, Големата депресија и холокаустот.
Наоми е поетеса и активистка, додека Ева е учителка и писателка.
Наоми е дете од еврејско семејство кое потекнува од Русија, а била родена во Бронкс, Њујорк, во далечната 1918-та.
Почнала да пишува поезија уште во тинејџерските години, и не требало да помине долго пред да почнат да се објавуваат нејзините поеми.
Поетесата вели дека еврејското потекло и е од голема важност, најмногу бидејќи Хитлер ја направил Еврејка:
„Пред тоа се сметав за интернационалист и можеби повеќе се залагав за правата на Афро-американците отколку на Евреите.“
Кога се родила Наоми, шпанскиот грип, кој убил милиони луѓе, само што почнал да пустоши. Истовремено, нејзината дадилка се заразила со сипаници, а бидејќи тој период не постоела вакцина, дадилката останала парализирана.
Кога имала 12-годишни, пак, нејзиниот брат заболел од мастоидитис, а поради недостатокот од лекови, ѝ подлегнал на болеста.
Наоми завршила средно во екот на Големата депресија, во 1934-та. Со години работела на секакви работни места, пред да собере доволно средства да се запише на U.C.L.A. Во 1952-ра, таа ја издала нејзината прва стихозбирка.
И Ева Колиш потекнува од еврејско семејство и била родена во близина на Виена, во 1926-та година.
Ева многупати била малтретирана поради нејзиното потекло и вели дека се сеќава кога ја нападнале на 6-годишна возраст бидејќи била „валкана Еврејка“.
Во 1939-та, Ева ја напуштила Виена благодарение на мисија со која биле спасени речиси 10.000 деца. Некое време престојувала во Британија, за во 1940-та, таа и брат ѝ да се обединат со родителите во САД.
Се запишала на колеџот во Бруклин, а потоа на Универзитетот Колумбија. Со текот на времето станала професорка по компаративна книжевност.
Имала два пропаднати брака, а од едниот добила и син.
Девојките се запознале во 1986-та и до ден-денес живеат заедно.
Пред да почне пандемијата, редовно излегувале надвор. Најчесто пешачеле, а биле и активни членови во центар за медитација.
Купувале овошје и зеленчук од локалниот пазар и редовно оделе на вегетаријански ручек.
Кога ги прашале што мислат за сегашната ситуација, жените изјавиле дека почесто им фали она што поминало, отколку што се плашат од она што ќе дојде.
Сега времето го минувале слушајќи грамофонски плочи и уживајќи во заедничките моменти.
Овие жени ги преживеале најлошите периоди од 20-тиот век, и не ни помислуваат да се откажат. Да се надеваме дека ги чекаат уште многу години радост.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_109637_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113364_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_109808_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_107988_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113038_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_107611_400.jpg)